Press "Enter" to skip to content

Андреј Гулабовски нов претседател на Локалниот клуб на СДММ во Битола

Со Одлука на Извршниот одбор на СДММ за Претседател на Локалниот клуб на СДММ во Битола беше избран Андреј Гулабовски. На Конференција на ЛК СДММ Битола беа избрани новите членови на Извршниот и Надзорниот одбор на локалниот клуб.

Андреј Гулабовски е дипломиран правник на Правниот Факултет „Јустинијан Први”-Скопје и студент на втор циклус на студии на Уставно право на  Правниот Факултет „Јустинијан Први”-Скопје.

Во своето обраќање на Конференцијата потенцира дека ќе се заложи за борбата за младите во нашиот град преку нов младински иновативен активизам, младински конференции и активности со подмладоци од земјата и Западен Балкан, поднесување на иницијативи до Советот на Општина Битола кои директно ќе ги задираат младинските прашања од нашиот град.

Неговото мото е – “Млади сме и должни и сме на Битола”. Затоа што Битола ни подари прекрасно детство а ние треба да и вратиме за идните генерации.

Гулабовски доаѓа на местото на Петар Николовски, актуелен советник во Советот на Општина Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »