Пелистер – Силекс 0:3 (0:3)
Екипата на Пелистер не се пласира меѓу осумте екипи кои го продолжуваат натпреаврувањето во фудблалскиот Куп на Македонија, поразени се во Битола од тимот на прволигашот Силекс од Кратово со резултат 0:3, резултат со кој завши и првото полувреме.
Кратовчани го решија прашањето на победикот уште во првите 45 минути, кога со три постигнати гола и го опавдаат епитетот фаворите пред почетокот на натпреварот под Тумбекафе.
Првиот гол за Силекс го постигна Есмир Хасукиќ во 11. минута кога погоди со глава за 0:1. Во 33. минута веќе беше 0:2, а Хасукиќ откако доби добра топка и истрча во простор ја погоди мрежата на домаќинот. Амо по две минути, во 35. минута беше постигнат и третиот гол за Силекс, а го постигна Манојлов.
Второто полувреме не донесе пресвт во корист на Пелистер, а гостинската екипа успешно го приведе мечот кон крајот и замина со победа од стадионот “Петар Милошевски“.










