Press "Enter" to skip to content

Делегација од израелскиот град Бат Јам кај градоначалникот Коњановски

Делегација на градот Бат Јам од Израел, преводена од заменик градоначалникот Ури Бускила, престојуваше во работна посета на општина Битола и оствари средба со градоначалникот Тони Коњановски.

На средбата, заменик градоначалникот Бускила истакна дека досега во три наврати ја посетил Битола и е воодушевен од шармот и пријателскиот дух на градот, како и од приемот на битолчани.

Заедничкото минато кое што го има градот Битола со еврејската заедница, е неоткинливо парче од нашата историја, посочи на средбата градоначалникот Тони Коњановски и истакна дека општината со особена почит се однесува кон досегашните создадени релации со Израел, со цел во иднина истите да се продлабочуваат и интензивираат.

Во таа насока, Коњановски и Бусила најавија дека двата града ќе започнат иницијатива за збратимување, на задоволство на жителите, бизнис заедницата и културно-историските релации.

Бат Јам е медитерански град, во кој живеат битолски и македонски семејства кои се доселиле во градот во 50-тите и 60-тите години на минатиот век. Меѓу нив е и семејството на д-р Хаим Абраванел.

Вечерва, во рамките на Бит фест, во Офицерскиот дом, преку музичка и видео разгледница наречена „Бат Јам – ќерката на морето“, ќе биде претставен овој израелски град, со што битолчани ќе добијат поширока слика за медитеранската ќерка на морето.

More from ВестиMore posts in Вести »