Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: одземена платежна картичка и повлечени пари и оштетување на две патнички возила

Денеска (16.08.2022) од страна на полициски службеници од СВР Битола, лишени се од слобода две лица на возраст од 27 и 34 години, постапувајќи по пријава од 02.30 часот од страна на 46 годишен државјанин на БиХ, со привремен престој во Битола, според којa на  15.08.2022 околу 21.30 часот од неговото возило му била одземена машка чанта со пари, документи, банкарски картички, од кои во неколку наврати биле повлечени пари, со што му била  предизвикана материјална штета во висина од 30.000 денари. Лицата се приведени во полициска станица, кај нив се најдени одземените предмети и вратени на пријавителот, а во координација со Јавен обвинител на лицата ќе им биде поднесен поднесок во врска со член 235 и 251 од Кривичниот законик.

На 15.08.2022 од страна на полициски службеници од Одделението за општ криминал при СВР Битола лишени од слобода се две лица на возраст од 36 и 26 години поради постоење основи на сомнение дека извршиле кривично дело „предизвикување на општа опасност“, по чл. 288 од Кривичниот законик. Имено, во 09.30 часот во СВР Битола И.В. од Битола пријавил дека во временскиот период од 22.00 часот на 14.08.2022 до 07.15 часот на 15.08.2022 на ул.„Македонска фаланга“ во Битола, на две патнички возила „митцубиши“ и „голф“, сопственост на пријавителот била истурена течност, при што било предизвикано нивно оштетување. По преземени мерки и активности од страна на полициските службеници, сторителите биле идентификувани, а при извршен претрес кај лицата пронајдени се предмети поврзани со извршеното кривично дело. Во координација со Јавен обвинител, по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

More from ВестиMore posts in Вести »