Екипата на Еурофарм Пелистер од Битола со победа го започна 50. Струшки ракометен турнир. “Пелистерци“ во “А“ групата играа против домаќинот, Струга, и победија со резултат 23:27 (12:13). Заради временските услови наместо на отворено се одигра во салата “Нико Нестор“.
Во тимот на Еурофарм Пелистер дебитираа сите новајлии. “Пелистерци“ почесто имаа предност, на моменти со +5 и без драма го приведоа натпреварот кон крај. Струга демонстрираше силен отпор.За Еурофарм Пелистер играа: Лесјак, Кизиќ, Ојлески, Кузманоски, Маџовски, Сери, Кукуловски, Ѓорговски, Дејвис, Пав. Атанасијевиќ, Танковски, Пешевски, Васиљев, Петровиќ, Хосни, Радовиќ, Костески.
Денес за Еурофарм Пелистер е слободен ден, а утре е дуелот против Татран Прешов.
Екипата на Еурофарм Пелистер 2 во рамките на подготовките за наредната сезона се наоѓа на подготовкит во Маврово. Тимот на Александар Јовиќ ги одигра вториот контролен натпреавр протов екипата на Охрид со кога играа и претходно. “Пелистерци“ повторно одиграа реми со Охрид со резултат 28:28 (12:12).