–“Вртејќи“ во мојот новинарски бележник од 2012 година наидов на белешките од една летна новинарска репортажа за Битола, односно за трите спортски објекти во градскиот парк, Стадионионот под Тумбекафе, спортската сала, тогаш, “Младост“ и Олимпискиот базен покрај стадионот, кои ќе се обидам да ви пренесам, започа со сеќавањата Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското спортско новинарство.
-Стадионот како што го гледаме на фотографијата од летото 2012 година и сега во 2022 година не е ист. Сега ја нема старата, мала, трибина и на нејзино место има модерна нова трибина која е во завбршна фаза, а се надевам дека за брзо ќе бидат и во новите новинарски кабини, а оваа старата ложа, каде беа Управата, гостите и новинарите ќе остане во сеќавање и во историјата на стадинот.
-И спортската сала “Младост“ како јас се уште по навика ја пишувам во моите трудови, а сега се вика “Боро Чурлевски“ од 2012 година има претрпено измени. Скратени се два реда од трибините на северната трибина, поставен е нов паркет, а од кога започна Еврофарм Пелистер да игра во Лигата на шампиони има и ново осветлување. Сега, како слушам во тек се подготовките за конечно решавање на затоплувањето што ќе биде голем чекор за подобрување на условите за спортување.
–Олимпискиот базен е вистинско летно освежување за битолчани кои се рекреираат и за младите кои спортуваат и започнуваат да пливаат. Сликата е од пред 10 години во која е прикажан базенот, за кој сега како слушам е со уште подобри услови за капачите, и е убаво катче за разонода, вели Димче Миновски во своите сеќавања за рубриката “Деновиве пред 10 години“.

Деновиве пред 10 години: стадионот спортската и Олимписки во 2012 година
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: Зоран Елисковски го “фати“ крстот за Водици во 2016 година во Битола (фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: во Кравари кај Битола отворена фабриката “Стиза“ за македонски чипс по австралиски рецепт (фото)
- По 62. пат по ред коледарски оган во “Ушици“ во Битола традиција ја негуваат пет генерации (фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: со Даниел Камјаковски и Наум Петревски битолчани “влегоа“ во 2016 година (фотогалерија)
- Неделен ден исполнет со многу настани и голема посетеност на 9. ден на Зимската приказна во Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: 23 годишна прилепчанка физички нападната во Битола
- Иван Куковски е нов координатор на РЕК “Битола“
- Активирана зимската служба – се чистат улиците во Битола од 3:30 часот
- ЈП “Комуналец“: се расчистуваат пристапните патеки за пешаците
- Во Битола облачно со повремен снег, температурата до 1 степен










