Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: прилепчанец со возило по Широк Сокак, физички напад врз сопруга, 44 возачи возеле пребрзо

На 22.08.2022 во 11.45 часот во просториите на Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Прилеп бил повикан Н.А. (40)од Прилеп. На него му бил издаден прекршечен платен налог затоа што на ул. „Широк сокак“ во Битола со патничко возило поминал на површина наменета за движење на пешаци.

На 21.08.2022 во СВР Битола, 21-годишна жена од село Мусинци, битолско, пријавила дека нејзиниот сопруг физички ја нападнал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 21.08.2022 на територијата на СВР Битола, полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, санкционирани биле 44 возачи, од кои 32 санкции се изречени за пречекорување на брзината во населено место и 12 надвор од населено место.

More from ВестиMore posts in Вести »