-Викендов во Битола е актуелна “Белата ноќ“ на која двата дена присуствуваа голем број на битолчани, а се одржа на паркингот на плоштадот “Гоце Деллев“ пред Домот на културата во Битола, на која настапија Камерниот оркестар со други пеачи, а вчера Кирил Џајковски. Со оглед на тоа што рубриката е “Деновиве пред 10 години“ ќе се потсетиме, секако со помош на помладите, како беше “Белата ноќ“ пред 10 години, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
-Тоа беше, пред 10 години, исклучителен настан, огромен број на гости и преполнетост на амбиенталната улица “Широк Сокак“ беше сликата на затворањето на седмото издание на “Бит фест“ во 2012. После настапот на тројцата локални ди џеи, точно на полноќ, се случи круната на вечерта, настапот на светски познатиот ди џеј Дејвид Моралес, раскажува Миновски.
Битолчани и гостите од надвор со нетрпение го очекуваа овој голем музички настан, а имаа и што да чекаат. Исклучителната атмосфера беше надополнета со унифицираноста на 11 – те кафе барови долж Широк Сокак во бела боја и со бели балони, како и облеката на присутните од кои секој на себе имаше бел детал.
Широк Сокак во бело со Дејвид Моралес е исклучителен настан од кој впечатоците се големи, а оние кои беа таа августовска вечер на исклучителниот сет на светската ѕвезда сигурно се сеќаваат каде беа, во кое кафуле имаа резервирано, како беа облечени, со кој беа заедно таа вечер и уживаа до доцна во ноќта.

Деновиве пред 10 години: ди-џеј Моралес светската ѕвезда на “Белата ноќ во Битола (фотогалерија)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: Битола доби модерен терен со дренажен систем по највисоките стандарди и критериуми на УЕФА
- Деновиве пред 10 години: УКЛО Битола го прогласи Тома Фила за почесен доктор на науки (фото)
- Одбележана вековната традиција, градско-селски Велигден во Јенимаале во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: во Битола десетина протести на ГДОМ за крај на кризата и вандализирањата на државните институции во Шарената револуција (фотогалерија)
- Погребението Христово, на Велик Петок, во црквата “Св. Недела“ во Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Зоран Стојчевски е назначен за претседател на Општинската организација на СДСМ Битола
- Четворица јавачи на импровизацијата на Меѓународниот ден на џезот Битола 2026
- Општина Битола: јавен повик за проекти за млади
- Одбележани 25 години од масакрот кај Вејце каде загинаа четворица битолчани (фотогалерија)
- “Идеатон“ натпревар на идеи за сообраќајно инженерство и графички дизајн во рамки на 65 години Технички факултет – Битола (фотогалерија)










