-Денес, 1. сепрември, училишното ѕвонче, го означи почетокот на учебната 2022/2023 година.
Утрово многу ученици возбудено итаа накај своите училишта. Сите со нови спомени и доживувања од летниот распуст кој за некои како да беше многу краток. Повторно видување со своите соученици и наставници. Насекаде детски жагор и насмеани лица без оглед и што некои мораа да станат рано. Но, сигурно највозбудени и растреперени со измешани чувства на радост, страв, срам или тага беа новите ученици кои поаѓаат во прво одделение.Основното училиште “Св. Кирил и Методиј“ со свечен прием и пригодна приредба ги пречека своите најмили ученици првачињата.
ВД директорот Жанета Тошеска им посака топло добредојде, со желби за успешна и среќна учебна година.
–Претходно како наставник во одделенска настава мои беа 20 тина ученици од моето одделение,со моето назначување за вд директор сега сите се мои ученици. Мило ми е што оваа година на овој свечен прием, присуствауават претставници од Општина Битола и градоначалникот Тони Коњановски. Тие ги израдуваа првачињата со донација, топки за сите спортови за настава по ФЗО. Потоа иницијативата „Среќно прваче“ на Халк банка им додели ученички прибор. За нашиот свечен прием биде украсен со многу разнобојни балони, се погрижи книжарницата „Пергамент“ .
Градоначалникот Тони Коњановски со емоции се обрати кон присутните:
–Денес со моето доаѓање во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ на приемот на најмилите првачиња, се вратив во своето детство и ученички денови кои ги поминував тука во училиштетео каде учев. Тука во овој училишен двор на часовите по физичко образоание со наставникот Цаци, игравме различни спортиви, вежбавме, но понекогаш морам да кажам дека имаше и по некое повредено колено… Тука учеа и моите деца, затоа многу спомени ме врзуват кои се причина за моите емоции денес кои не можам да ги сокријам од вас. Ви посакувам среќна и успешна учебна година на сите.
На приредбата со весели детски песнички на англиски јазик настапија учениците од трето одделение подготвени од наставничката по англиски јазик Александра С. Нечовска.
Наставничките од прво одделение Лидија Поповска и Јасмина Бошевска после прозивањето на учениците се упатија во своите училници да се запознаат со своите првачиња.
За другите ученици кои започнаа на училиште, беше ден за раскажување на доживувања од летниот распуст и тоа, кој како си поминал. Учениците од повисоките класови од предметна настава, чекореа возбудено низ училиштето сигурни во себе.Посебно сме возбудени сите и учениците и наставниците. Овој ден е секогаш полн со емоции кога се гледаме после летото и сите си го честитаме почетокот на учебната година која кај сите буди изпомешани емоции, ни изјавија одделенските наставниците кои го одржаа класниот час и ги поздравија своите ученици.
Во ОУ „Св.Кирил и Методиј“ во Битола и ПУ с. Логоварди оваа година своето образование го започнаа 53 првачиња.
Жанета Ристевска