Press "Enter" to skip to content

Потпрестедателот на ВМРО-ДПМНЕ-Александар Николовски во посета на Битола

Денес во посета на Битола беше потпрестедателот на ВМРО-ДПМНЕ-Александар Николовски, каде што заедно со градоначалникот на Битола – Тони Коњановски, претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ – Пеце Милевски, заменик градоначалник Бојан Бојковски и други најпрво извршшија увид на градешните работи на улицата “Наум Наумовски – Борче“, а потоа имаа и други актовности.

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, после увидот на градежните работи изјави:-Сакам да кажам согласно програмата која ја доставивме до Советот и до граѓаните уште во предизборието меѓутоа и како наша изборна програма интензивно се работи, а тоа можат и граѓаните секојдневно да го видат на реализација на проектите. Пред се во оваа прва година од мојот мандат насочени сме кон инфраструктурните проекти. Да кажам дека за овој дел, за капитални инвестиции и за инфраструктурата предвидени се вкупно од предвидените над 400 милиони денари, а 240 се веќе реализирани и исплатени. Значи голем дел од тие проекти се завршени, така да тој проект 23 улици кој го ветивме на граѓаните, 13 се комплетно реализирани, а во моментов се работи на 8 улици меѓу кои и оваа „Наум Наумовски – Борче“ на која денес се наоѓаме. И уште две се во постапка на отворање. Сакам да кажам дека интензивно во одделенијата на Општината се работи за изготвување на планската документација за изработка на нов проект за 30-тина улици кои ќе се за идната година. Точно се лоцирани, според нашите сознанија, според барањата на граѓаните. Така да следната година продолжуваме со исто, ако не и појако темпо. За дел од нив се прави планска документација, а дел тендерска документација веќе се отвора, така да веќе имаме точно што да работиме, а за другите проекти додаде:-Да напоменам дека исто така се работи и знаете дека тече уште јавниот повик за идејно решение за спортскиот комплекс, во изработка е планска документација за противпожарната станица која ја планираме во Битола и низа други проекти. Тука е прифатилиштето за бездомни животни кој ни е еден така актуелен проблем во градот, очекуваме во текот на денешниот ден посета од Агенцијата за храна и ветеринарство со кој ќе уедначиме некои работи. А, во делот на другите активности кои ги имаме во делот на проблемите со зголемените цени на електричната енергија направивме да кажам една врста на менаџирање така да мислам дека ќе се намалат трошоците. Тоа е добробит и бенефит за сите граѓани на Битола. Во делот на културата, образованието веќе сме во измакот на Бит Фест, за два дена го имаме и поточно утре го имаме и завршниот концерт со меморија. Во делот на образованието интензивно работиме и имаме увид во сето она што треба во основното и средното образование. Вчера успешно започна првиот ден на новата учебна година, оваа година со 873 првачиња, само 44 помалку од минатата година. Се надевам дека идната година бројот ќе биде зголемен. Работиме на енергетска ефикасност и имаме три проекти во однос на сега за сега на образованието. Тоа се работи за основното училиште „Даме Груев“, за кој за малото училиште, како што најавив вчера во тек е изработка на проект. А, со готов проект за централното училиште „Даме Груев“ веќе имаме аплицирано во една од странските амбасади. Тоа би било во главно сега, интензивно се работи, тука се и јавните претпријатија кои се потпора апсолутно на Советот и тие се вклучени во инфраструктурата и изработката на комплетна санација на оние улици кои ги работиме. И јавното претпријатие „Водовод“, „Нискоградба“, „Комуналец“ ја врши својата дејност. Мислам дека градот е почист од било кога, тоа граѓаните можат да го видат. Меѓутоа има простор за уште работа и јас мислам дека многу поинтензивно ќе работиме. 

Потпрестедателот на ВМРО-ДПМНЕ-Александар Николовски за денешната посета и останатите партиски активности изјави:-Би сакал да најавам дека почнуваме една сериозна теренска активност како политичка партија, еве денес сме во посета на Битола каде навистина се реализираат бројни проекти. На еден од нив присуствуваме и на увид, а по завршувањето тука ќе имаме увид уште на неколку проекти. Исто така знаете нашата континуирана поддршка за Македонската православна црква ќе имаме посета во Преспанско пелагониската епархија каде што ќе разговараме за актуелните состојби и со МПЦ. Во следниот период ќе сме доста активни на терен, ќе не има насекаде низ државата. Знаете дека инициравме идеја за референдум за клучното прашање во моментов за Македонија, а тоа е уцената која што ја имаме од Бугарија во однос на европските интеграции. За тоа консултациите се при крај и како што најавивме во следниов период ќе излеземе со конкретен став и и конкретна методологија по ова прашање затоа што гледаме дека од страна на владата воопшто не се повлекуваат, напротив има еден интензират на спроведување на обврските кои се преземени.

Така што откако Македонија фиктивно почна преговори со ЕУ, во суштина не ги почна. Ние не зборуваме за развој на инфраструктура, ниту за развој на железници и изградба на автопатска мрежа, туку зборуваме за среден век, за Цар Самоил, Свети Кирил и Методиј, Свети Климент, Свети Наум, што е најдобар доказ дека она што зборувавме месеци наназад се остварува, а тоа е дека целта на ова што го прави Бугарија е бришење на македонската историја, македонската култура и идентитет, самобитноста на македонскиот народ и самобитноста на македонскиот јазик, односно да се претстави како дијалект на бугарскиот јазик.Како што кажав во следниот период ќе продолжиме. Би сакал кратко уште една тема да опфатам, а тоа е во однос на тоа што се случува во економијата и енергетиката. Ние со месеци предупредувавме, уште пред две години, а тоа се интезивира во февруари месец оваа година кога почна војната во Украина во однос на она што ќе се случува со цените на електричната енергија. Минатата година, држевме прес конференција, јас лично бев РЕК Битола каде што обзнанивме дека од три блока работи само еден, а во моментов од три блока работат два. Што значи дека се уште не е во полна функција, РЕК Осломеј се уште не е пуштен, што значи дека Македонија не произведува доволно електрична енергија колку што може да произведе. Доколку Македонија произведува електрична енергија колку што има капацитет, тогаш оваа економска криза ќе е далеку помала од ова што е сега. Само за слика да имаат граѓаните, вкупната потрошувачка на електрична енергија во Македонија и на домаќинствата и на стопанството 7,5 илјади гига ват часови. Македонија со сите капацитети кои ги има пред се мислам на РЕК Битола, РЕК Осломеј, хидроелектраните, соларните постројки, обновливите извори може да произведе 6,5 илјади гига ват часови. Во моментов произведува некаде околу 3,5 илјади. Што значи од она што може Македонија да произведува, произведува 40% проценти помалку. Тоа мора да се увезува, во моментов цените на европските берзи се екстремно високи, одат до 600 и 700 евра по мегават час, а веројатно ќе одат и до 1000 евра, што го става стопанството во една крајно критична фаза. Тука не можам да ја разберам логиката на владата кога рече дека за граѓаните ќе има субвенционирана цена на електричната енергија иако е тоа прашање што е субвенционирана, имајќи предвид дека е за 50% односно за половина поскапа од минатата година, а додека компаниите ќе ги остават на слободен пазар, кога истите граѓани коишто ја користат оваа електрична енергија која беше за 50% поскапа од лани треба да одат на работа, да сработат за да земат плата и да ги платат сметките. Доколку компаниите во коишто работат плаќаат за 500, 600 или 700% повисока електрична енергија од минатата година тие ќе затворат, ќе стават клуч на врата, ќе нема кој да им даде плата, ќе нема како да ги платат сметките. Така што Македонија ближи кон енергетски колапс и за жал кон банкрот. За жал оваа криза ќе е подолга од една зима, не гледаме план за оваа зима и не гледаме дека се спремаат за следната година.