Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: Србин пронајден починат паднат на земја, малолетник нападнат на училиште

На 2 септември во 09,37 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул .„Никола Тесла“ бил пронајден паднат на земјата З.К. (46) од Р.Србија, со место на живеење во Кичево. Од екипа на итна медицинска помош била констатирана смрт. По наредба на Јавен Обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.
 
На 02.09.2022 во 15.45 часот во Полициска станица Битола В.Ј. (36) од Битола пријавила  дека околу 10.00 часот нејзиниот малолетен син додека бил во училиште во Битола бил физички нападнат од негов соученик. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
More from ВестиMore posts in Вести »