Press "Enter" to skip to content

Ларс Валтер по победата над Нексе: важно ни беше да победиме и добро да одиграме, а тои и го направивме

Екипата на Еурофарм Пелистер од Битола ја победи екипата на Нексе од Нашице во натреварот за третото коло од “Ф4“ од СЕХА лигата, а тренерот Ларс Валтер, на официјалната прес конференција рече дека се остварило тоа што рекол претходно, дека ќе има нов Пелистер, за разлика од оној против Веспрем.

-Мислевме на себе, а на противникот. Важно ни беше да победиме, но и да играме добро. Денес видовме дека имаме тим, посебно што игравме без Руди Сери. Позитивно беше да се види Суси, кој се врати од повреда и покажа дека ќе биде засилување за нас. Ова е одлична реакција по поразот во петокот, рече данскиот тренер кој го води Еурофарм Пелистер.

 

More from ВестиMore posts in Вести »