Синоќа во Битола, в0 голеламата сала на Центарот за култура во Битола започна 14. издание кое беше отворено со настапот на португалската уметница Јоана Амендоеира, која го негува правецот на новата фадо генерација, која во Битола настапи со нејзиниот бенд.Покрај отворањето битолчани денес и утре ќе можат да уживаат во концерти на исклучителни музички имиња во рамките на Фестивалот на музика од светот, во организација на Центарот за култура од Битола, за што директорката на отворањето уште еднаш потенцира:
-Ова е еден од фестивалите кои имаат за цел да ја воспитаат публиката. Многу често зборуваме дека сите големи работи се случуваат во Скопје и дека ако сакаме да чуеме квалитетен концерт, мора да патуваме. Јас се радувам што имаме можност тоа музичко уживање да им го донесеме дома на битолчани.
Денес ќе прозвучи музика што е блиска на овие простори, кога ќе настапи групата „Фонтана“, заедно со камерниот оркестар „IWConnect“, а специјални гости се Даница Крстиќ, вокал од Србија, Ангел Демирев, гитарист од Бугарија и Џамбо Агушев на труба. Овој концерт е распродаден во рекордно време, а и билетите за другите концерти се при крај.

Со концерт на Јоана Амендоеира од Португалија започна 14. издание на Фестивалот на музика од светот (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Денес 62 санкции за брзо возење на територија на СВР Битола
- Библиотеката ги додели наградите за најдобри читатели и роднокрајните награди
- Платформата “Земи Здив“ подготви видео од еко-акцијата “1.000 шуми од 1 желад“ (видео)
- Билницата во Битола под вонреден инспекциски надзор по смртта на шестгодишната Јана
- СВР Битола: на битолчанец му се слошило откако испил кафе и вода, син нападнал мајка и татко, опожарена куќа
More from КултураMore posts in Култура »
- Библиотеката ги додели наградите за најдобри читатели и роднокрајните награди
- Библиотеката започна со одбележување на 78. роденден, први гости децата од средно училиште за рехабилитација и образование (фото)
- Промовирани две јубилејните изданија на списанието “Современи дијалози“ (фото)
- КИЦ Битола најави концерт на Јован Милошевски и “Ден на пијаното“ во Офицерски дом
- Групата “Нокаут“ акустично пред битолската публика (фотогалерија)