Во новите простории на Студентскиот информативен центар на УКЛО во Битола се одржа трибина на тема “Предизвиците на младите кон успехот“.
-По повод Меѓународниот ден на студентите, покрај целосна поддршка на барањата на студентите од земјата за повеќе права и унапредување на студентскиот стандард реализиравме и други активности во соработка со претседателката Ивана Атанасовска и Локалниот младински совет на Општина Битола на тема “Предизвиците на младите кон успехот“, рече на отворањето на трибината Симона Наумовска, лидер на УКЛО УССС.
Настанот со своето присуство и нивната успешна приказна го збогатија и панелистите д-р Ана Ристевска, д-р Наташа Несторовска и Горан Веловски.
[ngg src=”galleries” ids=”1268″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″]






