Синоќа во Битола, во хотел “Милениум“ се одржа Прва регионална средба на Општините од Пелагонискиот регион, на која зборуваа градоначаниците на ВМРО-ДПМНЕ од сите градови, како и Зоран Ставревски од ВМРО-ДПМНЕ одговорен за следење на реализацијата на проектите што беа ветени во кампањата за локалните избори.
Организатори на регионалната средба беа комисијата за локална самоуправа, комисијата за инфраструктура, урбанизам и транспорт, комисијата за енергетика и Комисијата за финансии при ВМРО-ДПМНЕ.
По една година од добиената доверба од граѓаните да се управува со општините, што е голема должност и обврска да се оправдаат очекувањата, ВМРО-ДПМНЕ ја одржа првата регионална средба со градоначалниците и советниците на општините од Пелагонискиот регион во Битола, на која просуствуваше претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Битола – Пеце Милевски како и претседателите на општинските комитети од овој регион.
На регионалната средба беа споделени мислења идеи и беа најавени идни проекти, а се разговараше на темите, креирање на буџетите за општините и локалните институции за 2023 година, предвидување на средства за капитални инвестиции и проекти за буџетите за 2023 година, справување со енергетските предизвици во време на криза од страна на општините во наредниот период и изнаоѓање на дополнителни можности за финансирање на проекти.
Беа разменети искуства и идеи со цел подобро планирање на општинските буџети за наредната година, со цел поефикасна работа и реализација на проектите ветени во изборните, секогаш е собронда се споделат со кавноста и граѓаните.
Неодминлива беше и темата подобро справување со енергетската криза и можности за идни делување во таа област, а свое исцрпно излагање имаше градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.
[ngg src=”galleries” ids=”1273″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″ order_by=”filename”]






