Press "Enter" to skip to content

Акциите од “ЕРАЗМУС+“ програмата претставени пред студентите на УКЛО (фото)

Во Универзитетот “Св. Климент Охридски“ во Битола, во просториите на Студенскиот информатив центар во Битола, Националната Агенција за Европски образовни програми и мобилност одржа презентација во пресрет на новиот повик и новиот буџет одобрен од Европската комисија.За можностите за остварување мобилности и пракса, пред студентите,  академски кадри и “Еразмус+“ координатори на УКЛО, говореше директорот на Агенцијата, м-р Марко Ѓорѓиевски.  Тој и неговите соработници се осврнаа кон придобивките од добрите пракси што ги нудат акциите од Програмата и нивниот широк дијапазон.При тоа се истакна дека УКЛО учествува во активностите на Програмата од 2009, а успехот во реализацијата во голем дел се должи на позитивната промоција од страна на мрежата на Еразмус+ координатори, на учесниците во Програмата и на комуникацијата со Ректоратот и универзитетското раководство.Од името на студентите и вработените на УКЛО, ректорот, проф. д-р Игор Неделковски ја истакна важноста на соработката со Агенцијата во делот на  Еразмус+ Програмата и нивната помош при аплицирањето во клучните акции за академска мобилност и проектни партнерства, како и за поттикот за вклучување и во другите под-програми.Еразмус + е најпознатата програма на ЕК која финансиски поддржува активности во областа на образованието, младите и спортот.

More from ВестиMore posts in Вести »