Press "Enter" to skip to content

“Пелистерци“ со “стотка“ се враќаат во Битола од вториот АБА2 “балон“ во Сараево

Пелистер – Горица 100:91

Екипата на Пелистер со победа го заврши настапот на вториот турнир од АБА 2 лигата што се одржува во Сарарво, “пелистерци“ во 5. коло од натпреварите, трет одигран во босанската престолнина, славеа победа над рамноноправниот тим на Горица.Натпреварот кој се играше во спортскиот центар “Горан Ченгиќ“ започна израмнето, пелистерци први поведоа, меѓутоа во првиот период се играше кош за кош до крајот, па така и заврши првата четврина со поен предност за Горица 26:27. “Пелистерци“ беа подобри на стартот на втората четвртина, но на одмор се отиде со одмор се замина со водство од 54:50 на екипата на Горица.

Второто полувреме, односно третата четвртина, започна со  подобра игра Хрватите кои имаа и највисоката предност од осум поени. Потоа следуваше враѓање во игра на Пелистер, кога дојде и подобра и поефикасна игра, за овој квартал да заврши со реми, 74:74.Стартот и целата четврта четвртина се играше кош за кош, без многу грешки кај двете екипи. Завршните две минути беа драматични. Битолчани го кренаа нивото на игра во завршницата. На помалку од минута до крајот разликата беше само еден поен, а пресудна улога во одличниот финиш на Пелистер имаа двајца кошаркари, Хаџифејзовиќ и Стајиќ. Босанскиот интернационалец постигна 10 поени во последната четвртина и беше најзаслужен за пресвртот што го направи македонскиот претставник. При резултат 92:89, на 47.секунди пред крајот, Стајиќ постигна мошне важна тројка за +6 (95:89) за Пелистер, а потоа уште една, за сто постигнати поени на збогувањето со Сараево.

Карутерс и Хаџифејзовиќ го завршија натпреварот со по 24 поени, додека Караџовски уфрли 22, а најважните поени беа тие на Стајиќ за славење и  за 4. победа во АДА2 лигата.