Press "Enter" to skip to content

Трета форумска сесија за планирање на Буџетот на Општина Новаци

Во Општина Новаци се одржа третата форумска сесија за планирање на Буџетот на Општината за 2023 година.

Пред присутните жители на Општина Новаци беа презентирани други четири програми од буџетот со предлог проекти и тоа: урбанистичко планирање, изградба и реконструкција на локални патишта и улици, заштита на животна средина и природа и јавна чистота. Од присутните граѓани на форумот при разгледувањето на горенаведените четири буџетски програми беа дадени следните предлози: изградба на индустриската зона во Новаци, изградба на деловни простории, паркинг простор кај гробиштата и кај основното училиште во Новаци, пешачка патека до манастирот, реновирање на фасадите на зградите во центарот на Новаци, изградба на рекреативен парк во Новаци, велосипедска патека Битола – РЕК по трасата на топловодот, изградба на отворен и затворен базен, реконструкција на детските паркчиња, промена на реквизитите, изградба на обиколница околу Новаци за тешки товарни возила, игралиште кај ветеринарната станица, реконструкција на патот Рибарци – Грод – Гнеотино, доизградба на патот во продолжение на тој што се асфалтираше оваа година во Долно Агларци, доасфалтирање на пат во с. Далбеговци, да се реконструира улицата кај црквата Св. Атанасиј и полициската станица во Новаци, акции за пошумување, работилници за подигнување на општата свест кај децата и возрасните за зачувување на чистотата и животната средина, поставување на канти за отпадоци и контејнери во Новаци, времено ангажирање на работиници за јавна чистота и сл.