Две редовни седници на органите на Универзитетот “Св. Климент Охридски“ – Битола се одржаа во Студентскиот дом “Кочо Рацин“ во Битола што е придружна членка на
УКЛО.
На покана на вработените од Студентскиот дом и директорката Соња Карапец, по завршување на работниот дел, членовите на Управата и Сенатот непосредно се запознаа со условите за сместување и услугите што ги добиваат 284 студенти сместени во овој Дом.
Капапец рече дека има и слободни соби за студенти коишто на УКЛО престојуваат преку Еразмус размена, како и објект со 15 адаптирани легла за студенти со попреченост, со што
студентскиот дом од Битола е единствен во државата со ваков важен капацитет.
Во рамки на посетата на Студентскиот дом “Кочо Рацин“ Битола претставниците од студентското раководство на УКЛО, Управата и Сенатот имаа можност за дегустација на комплетното студентско мени и да се запознаат со грижата за студентите во Домот поврзана со нивната исхрана и здравје.
[ngg src=”galleries” ids=”1284″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″]






