Press "Enter" to skip to content

Апликацијата “COBISS+“ пред студентите од Факултетот за Информатичка и комуникациска технологија

Библиотеката 0д Битола денес пред студентите од ФИКТ (Факултет за Информатичка и комуникациска технологија) – Битола, ја презентираа web апликацијата COBISS+, која  овозможува пребарување во online каталозите на сите библиотеки кои го имаат имплементирано COBISS системот во своето библиотечно работење дел од регионалната COBISS.NET мрежа.Друга алатка која што ја нуди COBISS системот е web апликацијата UNPAYWALL. Таа апликација служи за пребарување во базите со податоци на повеќе од 50.000 издавачи и репозиториуми од целиот свет. Преку неа овозможен е пристап кон десетици милиони научни статии кои што се во електронска форма и се со слободен online пристап.-Со оваа активност ние како установа настојуваме да им излеземе во пресрет на образовните потреби на студентите, да тие успешно ги изработат своите стручни трудови и сакаме да допринесеме за унапредување на стручната и научно-истражувачката дејност на институциите во државата, велат Маријан Колевски и Фатма Бајрам Аземовска.

 
More from ВестиMore posts in Вести »