Универзитет Тетово – Пелистер Волеј 0:3
(15:25; 21:25; 15:25)
Сениорките на Пелистер Волеј синоќа во Тетово забележаа нова и убедлива победа над екипата на Универзитет Тетово и во Битола носат нови 3 максимални бода, а оваа победа е седма по ред.
За оваа победа тренерот на Пелистер Волеј, Роберт Митковски вели:
-Првиот сет започнавме фуриозно и максимално посветено, па за само 20 минути го добивме првиот сет, а во вториот сет се одлучивме за малку поинаков состав. Но, сетот започна со серија добри сервиси за Универзитет и екипата која до ланската сезона играше во првата државна лига сериозно се закани да не поремети во планот. Но, не дозволивме никакво изненадување и со голем број на измени ја стабилизиравме играта, израмнивме и го доведовме сетот во наша полза. Во третиот сет речиси се беше јасно и исто како во првиот со 25:15.
Најрасположени денес повторно беа капитенот Стефани Најдановска со 14 и Еми Ивановска со 10 поени. Поените денес ги освоија: Стефани Најдановска 14, Емилија Ивановска 10, Анастасија Ристевска 6, Лиле Лозановска 5, Христина Трајчевска 4, Ивана Белокозовска 2, Билјана Јаковлевска 1 и Михаела Цветановска 1.