Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: две приведувања за поседување прашкаста материја

Денеска (04.12.2022) во 02.35 часот во угостителски објект на градско шеталиште во Битола, полициски службеници од СВР Битола  лишиле од слобода две лица на возраст од 35 и 47 години,  двајцата од Битола, затоа што кај нив била  пронајдена и одземена бела прашкаста материја.  По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
 
Денеска (04.12.2022) во 02.15 во угостителски објект на ул. “Партизанска“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 25 годишно лице од Битола затоа што кај него била пронајдена и одземена бела  прашкаста материја.  По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
More from ВестиMore posts in Вести »