Press "Enter" to skip to content

Ненад Костески: во Ирун одиме на победа која многу ќе значи за пласман во наредната фаза

Екипата на Еурофарм Пелистер отпатува од Битола и веќе се наоѓа во Шпанија каде ќе го игта првиот натпревар од двомечот против екиата на Бидасоа Ируна во рамките на Европската лига. Потоа за две недели во Битола ќе го игра и вториот натпревар, а веќе уште утре “пелистерци“ ќе се обидат да забележат нова победа.

Ненад Костески, ракометар на Еурофарм Пелистер за утрешниот натпревар вели:

-Бидасоа Урун е една добра екипа, се работи за сериозен противник. Се подготвуваме овие неколку дена, иако знаеме дека е многу густ овој период, истолнет со многу натпревари. Ќе собереме сили и одиме во Ирун на победа, која би ни значела премногу и би ни овозможила големи шанси за пласман во следната фаза. Можам да кажам дека сме во нагорна линија, нашата форма оди нагоре, играме добро, остваривме две големи победи досега на гостински терен. Зошто да не биде ова третата? Сепак, има уште многу да се игра до крај на групната фаза, па затоа одиме со мирни глави на овај натпревар во Шпанија.

More from ВестиMore posts in Вести »