Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: пешаци-сопружници повредени со “голф“, физички напад на ул. “Ѓорѓи Наумов“

На 04.12.2022 во 22.03 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул. ,,Добривоје Радосавлевиќ“ во Битола, патничко возило “фолксваген голф“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 28 годишник  од Битола, удрило во пешаците, сопружници на возраст од 54 и 52 години од Битола. Во несреќата, мажот се здобил со тешки телесни повреди, а жената се здобила со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид извршила екипа на СВР Битола.

На 04.12.2022 во СВР Битола, М.Н. (32) од Битола пријавил дека на ул. “Ѓорги Наумов“ во Битола бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

More from ВестиMore posts in Вести »