Екипата на Еурофарм Пелистер од Битола од вчера е во Шпанија каде вечерва го игра првиот натпревар од против Бидасоа Ирун, во рамките на “Д“ групата. “Пелистерци“ се со сите расположливи средства на ова гостување, а вчера го одработија и официјалниот тренинг во салата каде ќе се игра натпреварот, каде тренерот Ларс Валтер ја “доработи“ тактиката.
Но, како и на претходните натпревари во Битола и на гостувањата, така и на овој Валтер ги има стандардните проблеми околу повредените ракометари. Од поодамна ги нема Велковски и Суси, а на Сери, кој се повреди против Фуксе Берлин, му се приклучи и Вилсон Дејвис, а добро е тоа што Павле Атанасијевиќ се варти во тимот по повредата на глуждот.
Ларс Валтер, пред натпреварот со Бидасоа Ирун рече:
-Немавме многу време за подготовка за овој натпревар, па затоа важен ни беше тренингот пред натпреварот вчера. За жал патуваме во Шпанија без Дејвис, кој се повреди, но во тимот се враќа Павле Атанасијевиќ. Бидасоа Ирун е одлична екипа, играат добро одбрана 6-0 и 5-1, а одличен е и нивниот среден бек. Играат убав, гледлив ракомет и верувам дека ни следи Бидасоа Ирун е одлична екипа, играат добро одбрана.