Press "Enter" to skip to content

Вечерва “уловени“ нелегално поставени мрежи на акумулација “Стрежево“ (фото)

-Рибочуварската служба на ЈП “Стрежево“ од Битола “улови“ неколку рибарски мрежи – жилавки, со вкупна должина над 300 метри

На акумулацијата “Стрежево“, меѓу селата Лера и Свињиште, во непосредна близина на брегот, од страна на рибочуварската служба на ЈП “Стрежево“ од Битола се пронајдени и запленети неколку рибарски мрежи – жилавки, со вкупна должина над 300 метри.Во акцијата покрај мрежите затекнато и запленето е пловно средство (чамец) со кое несомнено е извршен криволовот. Мрежите не се соодветно обележани и немаат жиг од Државен инспекторат за земјоделство.Притоа, констатирано е кривично дело согласно Кривичниот законик, по што мрежите се подигнати за понатамошна постапка. Мрежите, по консултација со надлежниот инспектор од државниот инспекторат за земјоделство, како строго забранети за риболов се подигнати заедно со уловот на риба.ЈП “Стрежево“ – Битола ги известува граѓаните дека во следниот период, особено пред претстојните верски и новогодишни празници, ќе продолжи да врши засилени контроли на акумулацијата “Стрежево“, во соработка со рекреативните риболовци, надлежните инспекциски служби и полицијата.

More from ВестиMore posts in Вести »