Press "Enter" to skip to content

Божикен и новогодишен концерт во организација на МХД “Марко Марулиќ“ – Битола во знак на влегувањето на Хрватска во Шенген и полуфиналето на светското во фудбал (фотогалерија)

Вечерва во малата сала на Центарот за култура во Битола, Македонско-хрватското друштво и хрватскиот културен центар “Марко Марулиќ”, во соработка со Центарот за култура, Битола, организира Божиќен и предновогодишен концерт, кој ова хрватско друштво традиционално го организира секоја година на радост на љубителите на клапското пеење во нашиот град.Овој пат гости од Хрватска беа далматинскиот машкиот вокален состав “Батуда“ од Дуги Рат.-Ова е продолжување на традицијата МХД “Марко Марулиќ“ да организира Божикен и новогодишен концерт, а оваа година на наша покана на концертот настапи машкиот вокалниот состав “Батуда“,  рече Бранко Маретиќ, претседател на МХД “Марко Марулиќ“, и додаде:-Сакам на сите Хрвати во Битола и секаде каде живеат да им честитам претстојните празници, но и влегувањето во Шенген зоната на Хрватска и пласманот на полуфиналето на фудбалерите на Хрватска во Светскиот куп.Во публиката како и на секоја манифестација имаше Хрвати кои живеат во Битола, но и битолчани кои ја почитуваат хрватската песна и култура, а ним им се обрати хрватската амбасадорка, Нивес Тигањ, која рече се надева дека тмурното време која ја следела од Скопје, тука во Битола ќе биде разубавено со одличниот настап на клапата “Батуда“ за која зборуваше и нивната поертпарол.Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, нагласи дека пред една година, која брзо помина бил како градоначалник на Битола на ланскиот Божикен концерт и му е драго што продолжуваа традицијата која ја има воспоставено претседателот на друштвото, Бранко Маретиќ. Воедно им ги честита претстојните празници на сите Хрвати, секако и влегувањето во Шенген зоната на Хрватска, и дека верува во иднина ќе бидеме заедно во Хрватите во Европската Унија.За време на концертот на клапата “Батуда“ беше прикажан  краток документарен филм.По концертот во хотелот “Премиер – Центар“ се одржа и Божикната забава на ова Друштво, на кое беа размената подароци и договорени нови настапи, а гостите уште еднаш уживаа во прекраснатите изведби на машкиот вокален состав.

More from ВестиMore posts in Вести »