Press "Enter" to skip to content

Никола Мицевски ја претстави “New Era” пред публиката во Битола (фотогалерија)

-Музиката е живот, докажа синоќа Никола Мицевски, еден од најдобрите македонски музичари, композитори и аранжери на новото време. А неговата “New Era” ќе живее долго заради еден едноставен факт, што таа музика е вонвременска, а ја претстави пред публиката во Битола.Пред преполната сала во Центарот за култура во Битола, каде што синоќа ја стартуваше концертната промоција на новиот албум “New Era”, Мицевски со повеќе од 40 врвни македонски музичари и хористи од хорот “Арс Нова“ на Марина Коруновска, направи музичка сензација претставувајќи го овој фантастичен албум, врв во неговата скоро 20-годишна кариера.

Никола Мицевски на публиката и е познат по одличните соработки со најдобрите пејачи и бендови, како и во музички соработки во кои тој секогаш имал храброст да експериментира.-Направив еден убав музички круг во последните години и “New Era“ дојде како најубав продукт во кој го збогатив својот израз, додадов некои нови музички димензии, подигнав стандарди и секогаш нова силна позитивна енергија. Концертот е успешен по тоа како реагирала публиката и дали си заминува по неговото завршување со убави емоции. Јас знам дека успеав во двете нешта и тоа ме прави многу среќен. Благодарам Битола, од срце следно закажувам средба со скопската публика на голем концерт во Скопје во МОБ, така што ова е сјаен почеток, истакна Никола Мицевски по концертот.

Идеите на Никола, за мешавина на македонските традиционални народни ритми и мелодиите со Западот, преточени преку модерните музички стилови на џез, фанк и музика од светот како посебен жанр, ги сака публиката.Со неговиот пристап кон македонската современа музика, која може слободно да парира на светските изданија од крајот на 20 и почетокот на новиот милениум, само потврдува дека е една поврзувачка карика на македонскиот со светскиот звук, токму заради таа фузија и внесување на новини во користењето на македонските и балканските мотиви на непосреден и искрен начин, надвор од клишеата кои се калемеле музички на овие простори.Проектот “New Era” претставува симбиоза на различни жанрови, едно филмско начело фузирано со етно, рок и електро основи во служба на пијаното и солистички инструменти. едно одлично музичко и визуелно патување кое ги поместува стандардите и границите на македонската инструментална музика.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »