Press "Enter" to skip to content

Пелистер Волеј од Битола е на половина пат до Првата лига, осма победа во серија (фотогалерија)

Пелистер Волеј – Ускана 3:0

(25:17; 25:23; 25:11)

По денешната победа во Битола на одбојкарките на Пелистер Волеј е на второ место по завршувањето на есенскиот дел од Втората лига, а тоа значи дека “пелистерки“ се на половина пат до враќање во најквалитетното одбојкарско друштво, Првата лига.Денешната победа е 8. по ред победа од 9 кола за зацврстување на втората позиција за сениорки, а тренерот на Пелистер Волеј, Роберт Митковски по завршувањето на натпреварот рече:-Натпревар во кој второ и трето пласираната екипа имаа амбиции за победа, но сепак квалитетот и искуството беа на страната на Пелистер Волеј. Факт е дека имавме далеку подолга клупа и поголем избор на играчи, па со чести измени се потпиравме на свежината и на максимумот од секоја одбојкарка, што на крај се чинеше навистина пресудно во оваа наша победа. За одбележување е и враќањето и првиот натпревар за оваа сезона на средниот блокер на Пелистер Волеј, Меланија Каралиоска, како и одличното издание на Ирина Трајковска која беше одлична замена за капитенот во поголемиот дел од третиот сет.Шанса добија сите одбојкарки, а поените ги освоија: Стефани Најдановска 18, Меланија Каралиоска 7, Емилија Ивановска 7, Лиле Лозановска 6, Софија Проковиќ 5, Ивана Белокозовска 3, Ирина Трајковска 3 и Михаела Цветановска 3.

Фото: Д.Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »