Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: кај битолчанец “дрегерот“ покажа 2,04 промили алкохол, апсења за дрога, превенција за пиротехника

Полицијата на територија на СВР Битола вчера и утрово во период од 22 до 4 часот спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. Санкционирани се 54 возачи, информира Министерството за внатрешни работи. Од нив 45 се на територија на Прилеп, шест во Битола, двајца во Ресен и еден возач во Демир Хисар. За време на контролата санкционирани се и 54 други прекршоци. 

На 11.12.2022 на ул. “Новачки пат” во Битола, полициски службеници од полициска станица Битола ги лишиле од слобода 40  годишник од село Долно Оризари и 30 годишник од Битола затоа што при преглед кај нив е пронајдена и одземена прашкаста материја. Лицата се задржани и по документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.

На 10.12.2022 на паркинг во новиот пазар во Битола полициските службеници од полициска станица Битола го лишиле од слобода 18 годишник од Битола затоа што при преглед кај него е пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Битола при Секторот за внатрешни работи Битола во повеќе основни училишта во Битола ја започнаа превентивната кампања под мотото – “Не користи пиротехнички средства“. Во непосредна комуникација со учениците и вработените во училиштата , полициските службеници укажуваа за законските, но и за здравствените последици што ги носи забранетата употреба на пиротехнички средства. Посебно во пресрет на новогодишните и божиќните празници, кога пред се малолетниците ги употребуваат овие средства. Исто така им беше укажано за законските мерки што се преземаат, но и за потребата од поголема контрола на родителите врз малолетниците.

More from ВестиMore posts in Вести »