Од 2008 година Битола, по предлог на Владиката Петар, од кога Св. Нектариј Битолски сите граѓани на Битола духовно се заедно, го одбележува денот на својот светец и заштитник Св. Нектариј Битолски со одржување на манифестации, а редовно се одржува свечена програма спроти денот, а на денот има свечена божествена литургија и литијата низ градот Битола, започна со своите сеќавање Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.Во 2012 година настан кој го одбележа празнувањето, како и секоја година беше литијата низ Битола на која учествуваа Владиката Петар, тогашниот градоначални – Владимир Талески, советниците, сите свештенослужители и многу граѓани, со носење на светите мошти, знамиња и икони.Тогаш во 2012 година во чест на светецот и заштитникот на градот Св. Нектариј Битолски локалната самоуправа заедно со Преспанско Пелагониската епархија, најавија и изградба на црква во негова чест, која ќе биде изградена во самиот центар на Битола, до Градскиот часовник.Тогаш премиерно беше прикажан документарниот филм “Битола за својот заштитник – отец Нектариј Битолски”, за кој сценариото го напиша отец Никола Грамбозов.Инаку, Заштитникот на градот, “Св. Нектариј Битолски “живеел во времето кога Турците го поробиленградот. Роден е 1430 година. По налетот на турските војски неговото семејство го напуштило градот. Неговиот татко заминал со своите две деца во манастирот „Кузман и Дамјан” , а младиот Нектариј често бил сведок за чудата на светците. Подоцна тој се замонашил на Света Гора, а во своите молитви непрестајно се молел за здравјето и среќата на граѓаните на Битола. Во Св. Нектариј е виден Господ Бог, зашто неговото тело по неговата смрт останало нераспаднато, односно неговите мошти затоа што во него живеел светиот дух кој неговото тело, кое денес се наоѓа во монашкиот град Кареја.
Деновиве пред 10 години: Битола го одбележа својот светец Св. Нектариј Битолски (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: се одржа 35. по ред издание на филмскиот фестивал “Браќа Манаки” во Битола (фото)
- In memoriam: Петар Павловски
- .
- Пивски ден, пивска ноќ, во Битола на фестивалот “Бирарија“ за занаетчиско пиво (фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: “Пегаз ЕДУ” Битола ги доделени првите сертификати за професионални пожарникари
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: кривични пријави за нова возачка дозвола, а старата му била одземена, за бесправно градење, малолетник каснат од куче скитник
- Започна продажбата на влезници за Лигата на Шампиони, прв гостин во Битола е Фуксе Берлин
- Што е корупција во нашата држава? Им пречи ли на младите или го следат трендот на „снаодливите“ во желбата за успех?
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 19 степени
- Дарија Крстевска од АК Олимп Битола доминира на Купот на Македонија за младинци