Press "Enter" to skip to content

Реми на ракометарите на Еурофарм Пелистер во последниот меѓународен натпревар во Битола оваа година (фотогалерија)

Еурофарм Пелистер – Бидасоа Ирун 29:29

Во последниот натпревар во Битола кој вечерва се одигра како никогаш досега во полупразна сала, поради светското првенство во фудбал, ракометарите на Еурофарм Пелистер одиграа нерешено 29:29 во рамките на Европската лига. Поради поразот во Шпанија тренерот на Еурофарм Пелистер, Ларс Валтер вечерва менуваше, среден бек Дејвис се врати во тимот, а поголема минутажа доби Хосни, кој беше најдобриот поединец на натпреварот. Натпреварот започна со борбена игра на двете страни и со нешто подобра ефикасност на домашниот тим и по првите десет минути “пелистерци“ имаа  7:5. Шпанскиот тим израмни на 10:10, а Пелистер направи три гола разлика 13:10 на десет минути од крајот на првото полувреме. Во финишот од полувремето Бидасоа Ирун влезе во посакуваниот ритам и на пауза се замина со 17:16.Стартот на вториот дел донесе доста технички грешки, а во 40. минута беше 20:20. Гостинот за првпат поведе со три гола разлика 23:26. Хосни се разигра, но почуствува болка и со помош на соиграчите се пресели на клупата за резерви, но се врати во нападот. Пелистер  со два гола во низа израмни на 29:29, на пола минута до крајот, а шпанскиот тим имаше напад за победа, но не го реализира.Најефикасен во Еурофарм Пелистер беше Хосни со 8, Танкоски со 7 и Хенеберг со 4 гола.

More from ВестиMore posts in Вести »