Press "Enter" to skip to content

Ординацијата “Д-р Чипуровски“: Хемангиом

Д-р Васил Чипуровски, информира за кои прегледи и испитувања може да ги направите со најсовремени апарати од медицината. Со овие информации добиваме и стручни совети  за интернистички заболувања, нивно откривање и понатамошно третирање, за кои постои голема заинтересираност кај читателите, а овој пат д-р Чипуровски ќе се осврне хемангиом, за што вели:

-Hemangioma претставува бенигна туморска формација која настанува поради абнормална пролиферација на дадени клетки од крвните садови најчесто на кожата но и во црниот дроб најчесто поретко во  панкреасот, слезинката. Предиспонирачки фактори за појавување на хемангиоми се светла кожа, предвремено родените деца, новороденчиња со подпросечна тежина, женски пол итн. Кај новороденчињата хемамгиомите се најчесто по кожа како црвен јазол по кожата на лице, грб, глава.Хемангиомот на црниот дроб  често е случаен наод при ехо на абдоминални органи при големи димензии можи да има нелагодност, болка, жолтица опструкција на жолчни канали  и како ретка компликација руптура спонтана со хемоперитонеум кога мора хируршка интервенција.

Ултрасонографски се карактеризира со хиперехогени ехотекстура “snow ball“, овална форма јасно граници без хипоехогено полусрпесто “хало“ карактеристично за метастазите. Потреба од хируршко отстранување на хемангиомите  има само  доколку се зголемуваат, крварат доколу има промена во формата.