Press "Enter" to skip to content

Традиционален годишен концерт на КУД “Илинден“ насловен “Поведи коло танчаријо“ (фото)

Вечерва во големата сала на Центарот за култура во Битола се одржа традиционалниот годишен концерт, кој се одржува пред Нова година, на главниот ансамбл на КУД “Илинден“ од Битола.Концертот започна со ороводната песна “Се собрале девојке“, а потоа следуваше блокот “Поведи коло танчаријо“, сценска адаптација од Источен дел на Славиште, на авторот Љупка Стефановска.Следуваа “Копачка“, “Пијанец“, “Овчеполска потчувалка“ и “На два танца“. Потоа “илиндеци“ се претставија со “Осоговка“, “Чалгиско оро“, “Шечерина“, “Сретсело“, “Копачија“, а за крај беше изведена кореографската постановка“ на авторот Стојче Каранфилов.За песната се погрижија Дијана Анастовска и Теодора Мицевска кои ја изведоа “Седело Ѓуре дос“.Сите сплетови на ора беа музички следени од оркестарот на Друштвото предводен од Славе Наумовски – Чапче. Гости на концетот беа Дијана Анастовска – вокал, Мартин Ристовски – зурла, Ристе Ѓоршиев – канон, Раде Петровски – ќемане и Максим Јовев – гајда.Тимот кој го реализира концертот е под раководство на уметнички раководител Александар Стефановски и корепетиторите Никола Ангелковски, Виктор Крстевски и Филип Јаковлевски“.На крајот од концертот пред публиката зеде збор и претседателот на КУД “Илинден“ – Антонио Димитровски, кој зборуваше за годината која изминува, за плановите на друштвото, не пропуштајќи на сите да им честита Божикните и Новогодишните празници.Инаку, ансамблот “Илинден“ е најстар фолклорен ансамбл во Битола и еден од најстарите во државата, основан 1955-та година и е едно од најбројните здруженија на граѓани на ниво на целата држава. Учествувал на над 60 меѓународни фолклорни фестивали низ целиот Свет, од САД до Арапскиот полуостров и низ цела Европа, а секоја година го отвора Републичкиот фестивал на народни песни и игри Илинденски денови Битола.

С.Р.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »