Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: претрес во Битола, пронајдени пиштол и дрога и превентивни активности

На 21.12.2022 во 19.30 часот во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола лишиле од слобода 33 годишно лице од Битола. При претрес во неговиот дoм, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол со рамка и пет куршуми, амфетамин, марихуана и други предмети со остатоци од марихуана и амфетамин. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на ж случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Битола денеска и вчера реализираа едукативни работилници во основните училилишта “Елпида Караманди“ и “Гоце Делчев“ во Битола, а во рамки на превентивниот проект “Безбедност во училиштата“ . Говорејќи за основната тема на овој проект – превенција од насилството меѓу учениците како и злоупотреба на дрога и алкохол – полициските службеници на учениците им презентираа искуства и практики како да се превенираат различните форми на насилство каде што учесници или жртви се децата, почнувајќи од врсничкото насилство, семејното насилство, насилството на социјални мрежи и на спортски натпревари. Посебно акцент беше ставен за појавата на насилно однесување на учениците во самите училишта и во училишните дворови. Исто така, беше укажано на штетното дејство од злоупотреба на дрога и алкохол.  Покрај ова, вчера со учениците на овие основни училишта Отсекот за превенција при СВР Битола, заедно со Полициската станица од општа надлежност Битола во пресрет на новогодишните и Божикни празници, а на темата “Не користи пиротехнички средства“ исто така реализираа превентивни активности.

More from ВестиMore posts in Вести »