Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведен дилер на марихуана, физички напад врз малолетник, приведување за напад на полицајци, 117 санкции за брзо возење

На 25.12.2022 на ул. „Ленинова“ во Битола, полициски службеници од Полициската станица Битола лишиле од слобода 29 годишно лице од Битола затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 25.12.2022 во СВР Битола, И.С.(49) од Битола пријави дека на Градското шеталиште во Битола, неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 25.12.2022 на ул.„Широк Сокак“ во Битола, полициски службеници од Полициската
станица за безбедност на сообраќајот при СВР Битола го лишиле од слобода 26 годишно лице од Битола затоа што го нарушил јавниот ред и мир и агресивно се однесувал кон нив
при извршување службени задачи. По документирање на случајот, против него ќе биде
поднесен соодветен поднесок.

Денеска (26.12.2022)во времето од 09:00-14:00 на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 117 возачи. Од нив 83 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 34 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

More from ВестиMore posts in Вести »