Press "Enter" to skip to content

Со музиката на Исмаил Лумановски и “Љубојна“ битолчани ќе влезат во 2023 година

Македонскиот и светски виртуоз на кларинетот Исмаил Лумановски, роден во Битола, кој годиниве наназад живее и твори во центарот на културата Њујорк, ќе настапи во Битола, вечерва со групата “Љубојна“ за дчекот на Новата 2023 година.

Светскиот успех на извонредниот кларинетист кој е роден во Битола е симбол за музичка сила, за страста и за динамична виртуозност за која пишуваат безброј светски музички критичари.

Постигнувајќи значаен меѓународен успех, Лумановски изгради голема кариера како солист и камерен музичар како во класичниот така и во жанровски иновативниот репертоар. Како од Битола се искачи до највисоките скалила во професијата, како со неговите настапи низ САД, Европа, Средниот Исток, Кореа и Кина, ја предезвика критиката да го истакне автентичниот начин на интерпретација на Лумановски, како се промовира македонскара култура на најдостоинствен начин.

Вечерва, во придружба на “Љубојна“ очекувајте фантастично музичко патување за влез во Новата Година на платото на Офицерски дом.

More from ВестиMore posts in Вести »