Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес го посети гинеколошко – акушерското одделение во Клиничката болница во Битола, каде во првото јануарско утро од оваа година, се роди првото женско новороденче Христина.
Мајката Сара Поп Атанасова го донесе на свет во 1:42 после полноќ.
Дежурните доктори прим. д-р Елизабета Чипуровска и д-р Христо Ѓорѓиевски, раководителката на одделението Маја Аврамовска и директорот на болницата, д-р Александар Обедниковски.
Обедниковски го информира градоначалникот и за тоа како поминала новогодишната ноќ, без дополнителни ангажирања на одделенијата и ургеннтаното одделение, или како рече вообичаена ноќ, но и со 90 прегледи на детското одделение.
В0 новогодишната ноќ, пред полноќ, беа родени уште две здрави деца, машко и женско, од мајките Виолета Начковска Митровска и Риние Мемедовска.
Со најубави желби, градоначалникот Коњановски им ја честиташе приновата на родителите, подарувајќи им вредносен ваучер на родилките и подароци за новороденчињата.

Градоначалникот Коњановски со подароци за новородените во Клиничката болница (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Асфалтиран пристапнио пат до манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Новаци
- ЈКП „Водовод“ – Битола продолжува со реконструкција и модернизација на водоводната мрежа
- Препораки од Институтот за јавно здравје за заштита од топлотен бран
- Во Битола сончево и мнгу топло, температурата до 36 степени
- Од полноќ цената на дизелот се намалува за осум, а на бензините за четири денари





