Press "Enter" to skip to content

Градоначалникот на Битола во посета на болница “Плодност“, на мајката и првороденото бебе (фотогалерија)

-Само една минута по полноќ, во болницата “Плодност“ во Битола на свет дојде женско новороденче, Бојана, тешко 3360 грама, со должина 50 сантиметри.Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски ја посети болницата “Плодност“, а на мајката Стефани Чалеска Димитријевска и подари вредносен ваучер и подароци за новороденчето, во име на општината.-Искрени честитки по повод Новата година до тимот на Болница Плодност, којашто имаше успешна година, честитки до првородените, имаме прво женско родено бебе и се надеваме дека ќе имаме плодна година. Посакувам успешна работа во оваа година, а мајките и родителите поубав подарок за Новата година не можеа да добијат. Општина Битола е тука да помогне колку што може, да создава услови младите да останат во нашиот град“, рече градоначалникот Тони Коњановски.Сопственикот и директор на Болница Плодност, прим. д-р Таше Трпчевски, истакна дека двете новороденчиња се убав знак за нова и успешна година во болницата.-Со оглед дека една минута после полноќ ни се породи женско бебе, би сакал годината да ни е плодна и да имаме многу раѓања, како минатата година, во која го достигнавме врвот со вкупно 706 новородени. Ако се земе во предвид фактот дека во општата болница во Битола имаат 150 породувања помалку од нас, тоа е знак дека довербата на пациентките, се повеќе и повеќе расте кај нас. Се надевам дека оваа година ќе имаме околу 800 породувања во нашата болница, рече д-р Трпчевски.На првиот ден во Новата 2023 година, во Болница Плодност се родија две бебиња. Покрај првороденото во 00.01 часот, во 05.01 часот се роди и Александар, со родилна тежина 2730 грама и должина 48 сантиметри. На неговата мајка Славица Тановска од Ресен, градоначалникот исто така и подари ваучер и подарок за новороденчето.

 

More from ВестиMore posts in Вести »