Press "Enter" to skip to content

Првото бебе во Битола е “чупе“, Бојана, се роди во “Плодност“ една минута по полноќ

Првото новороденче во Битола е женски, или по битолски жаргон “чупе“, информираат од болницата “Плодност“ од Битола, кои соопштија:

-Го имаме и првото новороденче во 2023 година, кое на свет дојде во 00.01 часот. Женско, со тежина од 3.360 грама и должина 50 сантиметри. Честитки до среќните родители. Вечерва очекуваме уште едно новороденче. СРЕЌНА И БЕРИЌЕТНА НЕКА НИ Е НОВАТА 2023 ГОДИНА.

More from ВестиMore posts in Вести »