Денешната Бадниковата поворка, внесе радост и во Општина Битола, младите гласници на најубавата вест, во општинската зграда влегоа пеејќи ја песната “Вечниот бог“, а на нивните уморни мали раце ја внесоа и пештерата и ѕвездите, навестувајќи го Христовото раѓање.
Младите гласници во општината беа пречекани од заменик градоначалникот Бојан Бојкоски, претседателката на Советот на општина Битола, Габриела Илиевска и советниците Анета Ѓоргиевска и Борче Корлевски.
Претседателката на Советот на општина Битола, Габриела Илиевска, им се обрати на дечињата и рече:
-Вие сте најдрагите гости во Општина Битола, бидејчи ја носите веста за Христовото раѓање. Сакам да Ви се заблагодарам во име на градоначалникот Тони Коњановски за посетата и за се што направивме денес во Битола, да го најавите Христовото раѓање.
На сите мали гости им беа поделени божикни пакетчиња.

Младите битолчани од Бадниковата поворка во Општина Битола ја внесоа пештерата и ја запеаја “Вечниот бог“ (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- ЈКП “Водовод“ Битола: еден месец за подмирување на долговите, потоа судска постапка
- 40 студенти од УКЛО на летна пракса во Општина Битола и јавните претријатија
- СВР Битола: Претрес во Битола, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице
- Во Битола сончево, попладне со можност за нестабилнот, температурата до 32 степени
- Четири дена. Десетици настани. Еден град: пристигнува „Битола Отворен Град“





