Press "Enter" to skip to content

И оваа година во Битола, Бадникова поворка, низ Широк Сокак, од Офицерски до “Св. Димитрија“ (фотогалерија)

И оваа година во Битола се одржа Бадниковта поворка, на која учествуваа стотици деца од Битола, кои ја божикната песна “Вечниот бог“ и носеа ѕвезди кои сами ги изработија, навестувајќи ја Божикната ноќ кога е роден Исус Христос. Бадниковата поворка започна да се движи кај Офицерскиот дом, за преку Широк Сокак да стигне до црквата “Св. велокомаченик Димитрија“.На плоштадот “Магнолија“ каде по поворката се собраа дечињата и нивните родители им во име на организаторите им се обрати Кире Божиновски, кој рече:-На сите дечиња и нивните родители им се заблагодаруваме за учеството во Бадниковата поворка, како и за помошта која родителите ја дадоа во подготовката на овој настан со кој го одбележуваме Божик, односно Христовото раѓање. Ви благодариме што во голем број сме заедно, да ја пееме “Вечниот бог“, а до година да бидеме во уште поголем број и погласно да ја испееме песната.Во соборниот храм “Св. Великомаченик Димитриј“ свештениците ги примија дечињата кои уште неколку пати ја испеаја песната “Вечниот бог“, а на дечињата им рекоа:-Ви благодариме на сите кои денес го исполнивте храмот и ја испеавме Божикната песна, и сакам да ви кажам дека вие, дечињата, најдобро го најавивте Христовото раѓање, со носење на ѕвездите, кои сами ги изработивте, кои ја симболизираат Божикната ноќ, која е пред нас, кога е роден нашиот Бог. За разлика од некои кои го комерцијализаа овој празник, Божик, вие со чиста душа пристапивте во храмот и го најавивте Христовото раѓање.Свештениците на сите дечиња во Божикната поворка му подарија новогодишни пакетчиња.

Текст и фото: С. Ристевски

More from БитолаMore posts in Битола »
More from ВестиMore posts in Вести »