Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: 11 лица приведени за играње комар, со “опел“ излетал од пат, со тврд предмет нападнато и ограбено лице, физички напад

На 08.01.2023 во периодот од 21.30 до 22.30 часот, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола извршија акциска контрола во објект на ул.„Караорман“ во Битола, при што било утврдено дека во објектот неовластено се организира комар, соопштија денеска од МВР. При контролата во објектот биле затекнати 11 лица сите од Битола. Лицата биле лишени од слобода и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена пријава по член 398 од Кривичниот законик.

На 08.01.2023 во 21.10 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Битола-Маково, кон село Новаци, патничко моторно возило „опел“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 27 годишно лице од с.Долно Оризари, битолско, излетало од коловозот. Во несреќата, возачот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола. Увид извршила увидна екипа на СВР Битола.

На 08.01.2023 во СВР Битола било пријавено дека околу 15.30 часот на ул.„Солунска“ во Битола, едно лице со тврд предмет го нападнало 67 годишно лице од Битола и му одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 09.01.2023 во СВР Битола, А.Н. (27) од село Долно Оризари, битолско, пријавил дека на ул. “Новачки пат“ во Битола бил физички нападнат од  две лица од населба Горно Оризари и уште неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

More from ВестиMore posts in Вести »