Press "Enter" to skip to content

Расчистено разбојништво во Битола, приведени две лица за напад брз 67 годишно лице

Полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола  лишиле од слобода две лица на возраст од 48 и 38 години од Битола, поради постоење основано сомнение дека на 08.01.2023 околу 15.30 часот на ул. “Солунска“ во Битола извршиле кривично дело „разбојништво“.

Имено, тие кривичното дело го извршиле со физички напад на 67-годишен битолчанец, користејќи дрвен предмет, при што му одзеле пари во вредност од околу 200.000 денари. СВР Битола до ОЈО Битола поднесе кривична пријава по чл.237 од Кривичниот законик, а од страна на судија на претходна постапка на едното лице му одредена мерка притвор во траење до 30 дена, додека на дугото лице, осуденик во КПУ Затвор Битола, е спроведен назад во затворот, каде веќе издржува затворска казна.