Денес, недела, 22 јануар, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот и во ноќните часови почнувајќи ќе има врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата во Битола до 8 степени.
Утре, понеделник, 23 јануар, во Битола, времето ќе биде облачно со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата во Битола до 7 степени.