Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: градежник од Штип се повредил на работа на “8. Септември“, каснување од куче скитник, 30 казни за брзо возење

На 24.01.2023 во СВР Битола било пријавено дека во Клиничка болница Битола со тешки телесни повреди бил донесен Д.М.(61) од Штип. Според пријавеното, тој се здобил со повредите на 23.01.2023 додека извршувал работни задачи за градежна фирма на објект во изградба на ул. „8 Септември“ во Битола. Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 24.01.2023 во СВР Битола, В.Т.(18)  од  Битола пријавил дека во близина на  Градска автобуска станица во Битола бил каснат од  куче скитник.

Во текот на вчерашниот ден (24.01.2023) на територијата на СВР Битола спроведена e акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 30 возачи. Од нив 23 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 7 возачи надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.  Акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

 

 

 

 

 

 

СВР Битола

More from ВестиMore posts in Вести »