Денес, петок, 27 јануар, во Битола, според прогнозите на метеролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде претежно облачно и студено со повремени локални врнежи од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 3 степени.
Утре, сабота, 28 јануар, во Битола времето ќе биде променливо облачно и студено, наместа со провејување на слаб снег. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 4 степени.