Press "Enter" to skip to content

Расчистени пет тешки кражби во Битола, пронајдените украдени предмети вратени на сопствениците

Денеска, 27 јануари 2023 година, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола извршиле службен разговор со 23 годишни лице од Битола, кое се сомничи дека извршил пет тешки кражби, при што од куќи, објект и возило, на подрачјето на Битола, одзел повеќе предмети.

Во разговорот во полициска станица лицето ги признало делата, а дел од предметите биле пронајдени и вратени на сопствениците.

По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 
 

 

 

More from ВестиMore posts in Вести »