Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведени две лица и малолетник за поседување марихуана, нападната жена

На 26.01.2023 на ул. “Гаврило Принцип“ во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола лишиле од слобода две лица на возраст од 23 и 20 години и еден малолетник, сите од Битола, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот, против нив ќе следува соодветна пријава.

На 26.01.2023 во СВР Битола, 54 годишна жена од Битола пријави дека на крстосница од ул.„Цар Самоил“ и ул. „Стив Наумов“ во Битола била физички нападната од маж, со кого живеала во вонбрачна заедница. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

More from ВестиMore posts in Вести »