Здравствениот локален акциски план за Роми, усвоен од Општина Битола, а по повод 4 февруари – Светскиот ден на ракот, се одржа предавање на тема “Информирај се колку е битно женското здравје“ кое го одржа специјалистот гинеколог и акушер, д-р Михајло Вангелов, кој по предавањето стрпливо одговараше на прашањата на присутните.Во позитивна, опуштена и пријателска атмосфера заедно со присутните разговараше на повеќе теми поврзани со женското здравје, а со цел превенција од рак на женските органи. Докторот повеќепати ја нагласи потребата од редовна посета на гинеколог, односно еднаш годишно.
Вангелов зборуваше на повеќе теми кога за првпат треба да се посети гинеколог, важноста на матичниот гинеколог и бесплатните услуги кои следуваат со тоа, ризици од добивање на рак на дојка, матка, грло на матка и јајници, начин на ширење и превенција на истите, важноста на улогата на мајките во подготвување на своите ќерки за менструалниот циклус, следењето на циклусот и правилната хигиена за време на циклусот, вистините и митовите околу толкувањето на невиноста кај девојките поврзани со различните типови на химен, како и за достапните контрацептивни средства и начинот на употреба.
Присутните отворија и дополнителни теми и дискусии со нивните прашања, како што се полицистичните јајници, причини за разни физички и ментални нарушувања кај бебињата псоле пораѓајот, постпородилната депресија, појавата на апцеси заедно со начинот на третирање и слични теми.
На крајот, за присутните се организираше и лотарија преку која 3 наши кориснички си освоија награди.

Ромскиот здравствен образовен центар со предавања за женското здравје
More from ВестиMore posts in Вести »
- Вечерва во Битола ревијално куглање заедно со лицата со Даунов синдром (фотогалерија)
- Вечерва, во 22 часот и 24 минути, започнува пролетта
- Во Битола отворена изложбата “Расна дијагноза: Циган“ посветена на нацистичкиот геноцид на Синтите и Ромите и долгата борба за признавање (фотогалерија)
- Гордана Сековска нов претседател на Организацијата на жени на НСДП Битола
- СВР Битола: приведени тројца крадци, краделе во куќи, коли и “кладилници“, 132 возачи возеле побрзо